
Шеснаесет полицајци загинаа во хеликоптерска несреќа во Колумбија за време на изведување акција против кланот „Усуга“, што го претставува најголемиот наркокартел во земјата, информира полицијата, пренесува БТА..
Во хеликоптерот имало 18 лица, од кои 16 загинале а двајца се ранети, изјави на прес-конференција министерот за одбрана Луис Карлос Вилегас.