
Пред споменикот на десетте загинати воени резервисти на Карпалак во прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на македонските бранители.
Тие загинаа на 8 август 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје-Тетово, кога конвојот на АРМ беше нападнат од заседа.