Неговата куќа во скопско Козле ни најмалку не оддава дека тука живеел еден од борците на ИСИС. А и неговото досие и завршениот медицински факултет креираат погрешна слика за 30 годишниот Стефан Стефановски, уапсен во вчерашната голема антитерористичка акција Ќелија.
Во радикалните исламски кругови се претставувал како Суфијан и неколку пати патувал во Сирија. Последен пат конвертираниот Стефан во Сирија заминал во август минатата година а во Макеоднија се вратил во март гоиднава.