
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70км/час.
Утринската температура ќе се движи од 16 до 23, а дневната од 25 до 34 степени. УВ=7