Монтажни куќи и санитарни јазли за поголема безбедност и хигиена на мигрантите. Странските државјани кои транзитираат низ Македонија, за неколку денови ќе добијат услови за кои во останатите држави од регионот може само да сонуваат. По низата законски измени, властите прават уште еден исчекор во подобрување на третманот на мигрантите чија цел не е Македонија туку западно европските држави.
На железничката станица Табановце ќе бидат поставени 6 монтажни куќи каде мигрантите ќе можат да одморат, а паралелно со ова во Гевгелија ќе се постават 12 исти објекти.