
Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.
Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с. Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.
Кај с. Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се користи патот низ с. Порој.