Земјоделците не се доволно инофрмирани, а само мал дел од осигурителните компании се вклучени во процесот на продажба на полиси за осигурување на родот од поплави. Ова се главните причини поради кои поголем дел од земјоделците го немаат заштитено родот. Оние кои се занимаваат со оваа дејност, предлагаат повеќе кампањи и тоа во месеците од март до мај.