MENI

Евтините кредити за фирмите од ЕИБ отворија над 6.300 работни места

Преку 60 отсто се искористени средствата од 4-та кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија, покажуваат податоците на Македонската банка за поддршка на развојот, која ја спроведува оваа кредитна линија. Досега се повлечени вкупно шест транши од последната кредитна линија во вкупен износ од 61.731.099 евра.

Pages