
Скопје, 21 август 2015 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека согласно владината одлука за прогласување кризна состојба долж пограничните региони, распоредени се полициски службеници на граничната линија кон соседна Грција, а во текот на денот се очекува на нив да им се приклучи и Армијата на Република Македонија.