MENI

Инфраструктурните проекти го подобруваат животниот стандард

Целосно нова патна инфраструктура, реконструирани водоводи, пешачки патеки, училишта, спортски сали и повеќенаменски игралишта. Владата ги исполнува ветувањата кон граѓаните од дебарско-реканскиот крај, кои значително им ги подобруваат условите за живот.

Ако некогаш низ Маврово се патуваше по тесни и оштетени локални патишта, денес  тие се со нов изглед. Досега целосно реконструиран е патот до селото Сенце, патот Требиште-Велебрдо, патот до Нисторово, како и патот кој води од браната на Мавровско Езеро до Маврови Анови.

Pages