Министерството за внатрешни работи експресно реагираше на барањата на жителите од дебарско-реканскиот регион, за проблемите при вадењето на нови патни исправи. Од МВР информираа дека во текот на денешниот ден веднаш ќе бидат издадени пасошите за граѓаните кои побараа да им се извадат патните исправи во најкраток можен рок, а истовремено започнато е забрзано фотографирање за издавање на нови патни исправи за жителите во овој регион.