
Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања Козле, Клиничката болница – Тетово и Општата болница – Охрид, донираше играчки камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца, со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години кои се хоспитализирани во тие јавни здравствени установи.