
Осмата средба на работните групи на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија, во врска со преговорите за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се одржа денеска во Софија.
Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, средбата поминала во конструктивна атмосфера. Било договорено следната средба да се одржи во Скопје.