
Македонскиот пливач Андреј Стојаноски на Светското првенство за глуви освои сребрен медал во трката на 1.500 метри. Тој го освои второто место со време 16:57.32 минути.
Стојаноски имаше учество во уште три финални трки на шампионатот во Сан Антонио, САД.
Стојаноски е член на пливачкиот клуб Бета, а на првенството беше со неговиот тренер Марјан Соколовски.