Градот Штип се наполни со куни. Овие, пред се ноќни животни, од периферијата се префрлија во централното градско подрачје. Од ловното здружение велат дека причина за ваквата миграција е потрагата по храна.
Глувците им се основна храна. И да ги однема глувците тие ќе почнат да бараат храна по контејнерите.- изјави Ване Јованов- секретар на ЛЗ „Ловец“-Штип
Куните најповеќе се среќаваат во отпадните води, а ноќе се движат по дворовите и таваните. Граѓаните стравуваат дека освен што прават штети, можат да бидат преносители и на заразни болести.