
Најмалку 38 лица се повредени во пожар, предизвикан од експлозија, во една столарска работилница, која е сместена во поранешен бункер во Хамбург.
Повеќе од 60 луѓе се евакуирани, а 12-мина од повредените се пожарникари.
Бункерот датира од времето на Втората светска војна и во него биле складирани околу 100 тони етерични масла.