На третиот ден од Светското првенство во пливање што се одржува во Казањ попладнево беа поставени два светски рекорда. На 1.500 метри слободно кај жените Американката Кети Ледецки го собори сопствениот и светски рекорд, поставен вчера во квалификациите, додека Британецот Адам Пити во полуфиналето го собри светскиот рекорд на Камерон Ван дер Бург (ЈУжна Африка) поставен претпладнево на 50 метри градно.