Пред камерите на Сител попладнево во Шипковица, се одвиваше вистинска драма кога мајката на загинатото девојче на раце беше префрлена во најблиското возило за да и прижат медицинска помош во тетовската болница.
Како што изјавија жителите, денеска беше погребано 14-годишното девојче кое вчера загина во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шипковица.
На мајката, потресена од ненадејанта загуба на детето, попладнево и се слошило и таа во тешка состојба е префрлена во тетовската болница.