
Целосно е реконструирана улицата „Злате Михајловски“ во населбата Хром, општина Ѓорче Петров.
- Градежните работници од АД „ Карпош“ го нанесоа и последниот слој на асфалтна маса, а привршуваат со поставување на бекатон плочки на тротоарот од десната страна на улицата. Тротоарот на левата страна е завршен, информира општина Ѓорче Петров.