
Жена на возраст од околу 50 години е тешко повредена на пешачки премин во центарот на Прилеп, јавува Дневник.
Пред да дојде итната помош, возач на такси и полиција се обидуваа да и дадат брза помош на жената која дава знаци на живот. Според сведоците, жената бил удрена од комби возило додека поминувала на пешачки премин и отфрлена во задното стакло на паркиран такси.