Новата технолошко индустриска развојна зона во охридско-струшкиот регион ќе привлекува голем број на инвеститори кои ќе градат фабрики и ќе отвараат нови работни места за жителите.
ОДВ Електрик која веќе има свој брауфилд погон во втората половина на месец август ќе започне со изградба на своја фабрика и ќе отвори илјада нови работни места,а веќе следната седмица ќе пристигнат претставници на германската компанија Костал од областа на автомобилската индустрија која веќе објави одлука за инвестирање во Охрид и ќе започнат со регрутирање на првите вработени вкупно илјада .