Петти ден веќе трае интензивно потрагата по исчезнатата шестгодишна Рина Амети од тетовска Шипковица по невремето кое го зафати тетовскиот регион во понеделникот.
Потрагата се врши и на местата каде што се расчистуваат наносите од земја, камења и дрва низ селото како и надвор од населеното место во правец кон реката Пена и падините на Шар Планина.
Во Шипковица постојано стига помош во храна и вода, а и луѓе од други места доаѓаат да помогнат во расчистувањето.