
Жителите на јужна Франција, посебно на нејзиниот југоисточен дел, се вознемирени поради појавата на тигрестиот комарец, познат под латинско име Аedes Аlbopictus, затоа што тој предизвикува две познати болести на тропски грозници - денга и шикунгуја, но според францускиот Висок совет за јавно здравје, комарецот пренесува и еден друг загрижувачки вирус - зика.