
Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во тетовскиот регион, каде ќе ги посети поплавените подрачја во Шипковица и во Мала Речица.
Владината служба за информирање соопшти дека Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на локалните патишта Долно Седларце-Брвеница, Брвеница-Челопек и Јегуновце-Ратае.