
Од невремето на подрачјето на Тетово, во с.Шипковица до сега има 3 починати и повеќе повредени лица, велат се уште непотврдени информации.
Без струја се селата Жеровјане и Порој. Од СВР Тетово неофицијално се дознава дека во тетовското село Голема Речица има една жртва во невремето што попладнево беснееше во полошкиот регион.