
Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос изјави денеска дека преговорите со кредиторите за економскиот пакет помош за државата ќе завршат за неколку дена.
- Се ќе биде завршено оваа недела, изјави Цакалотос пред новинари по средбата со претставници на ММФ, Европската комисија, Европската централна банка и Европскиот стабилизациски механизам.