
Поради закажани технички зафати во електро системот утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Зелениково, Аеродром и Сарај, информираат од РЦУК-Скопје.
Во периодот од 06:30 до 08:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Таор, Орашани, Оргањанци и Викенд населбата во општина Зелениково.