
Помор на автофтона македонска пастрмка „Salmo Macedonicus“ се случил во реките Зајашка и Треска во должина од околу осум километри како последица на обилните дождови на 5 и 6 август.
Како што информираат од Здружението на спортските риболовци „Треска“ од Кичево според нивна проценка угинати се околу пет тони риба.