
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе почне да дува умерен северен ветер кој долж Повардарјето повремено ќе засилува, а ќе има и појава на дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 24 до 30 степени.