Професорите на факултетот за физичка култура и физичко образование, задоволни од изградените спортски објекти од страна на владата.
Велат, капиталните проекти во спортот се од значење за развојот и популаризацијата на спортот, создавање на услови за рекреација на граѓаните, но и услови за развојот на младите генерации кои со спортувањето покрај физички се развиваат и како личности.
Изградбата на спортските и училишните сали, фудбалските терени и тениските игралишта се во фокусот на владата.