Стручните лица од земјите на Европската Унија заедно со вработените од Дирекцијата за заштита и спасување денес извршија набљудување на теренот во поплавените подрачја во Тетовско со хеликоптер со цел да се добијат информации кои ќе ги искористат за извештај со нивнипрепораки во насока на превенција на вакви непогоди. Тие од Тетово тргнаа кон поплавените села.