Навремено платени сметки, олеснето школување, подобри услови за домување. Преку социјалните мерки , државата значително им го олеснува животот на семејствата од најранливата категорија. Долгогодишното спроведување на мерките се покажа успешно и во пракса. Жаклина Симиќ од Валандово е задоволна од континуираното олеснување кое го добива од државата. Благодарение на помошта, таа денеска многу полесно живее и ги школува децата.