Посетата на Груевски во Моране Општина Студеничани веднаш даде резултати. Институциите уште денеска решија дел од посочените проблеми на граѓаните. Груевски во оваа општина се сретна со граѓани од сите етнички групи, македонци, албанци, турци и бошњаци кои му посакаа топло добредојде и презентираа со какви проблеми се соочуваат во овие населени места. Барањето од жителите на Моране да се продолжи автобуската линија до центарот на нивното село уште денеска се реализираше.