MENI

Трагедија: Загинаа 11 лица во експлозија на камион-цистерна

Единаесет лица загинаа, а 18 се повредени при експлозија на камион-цистерна во авганистанскиот град Херат, изјави денеска портпаролот на регионалната болница, Рафик Шерзаи.

Тој истакна дека меѓу жртвите има десетина деца, а четворица од повредените се испратени во Иран на третман за изгореници, бидејќи им изгореле над 90 отсто од телата.

Pages