
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра вториот контролен дуел против селекцијата на Шпанија. На првиот дуел во саботата во Мадрид „црвената фурија“ извојува висока победа од 94:63.
Вториот дуел што се игра вечерва во Логроњо ќе биде нова можност избраниците на селекторот Марјан Србиновски да го поправат впечатокот.
Почетокот на дуелот е во 21 часот.