
На просторот пред кафетериите на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес на 9,10 и 11 октомври ќе се одржи 12. „Питијада“.
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција истакна дека интересот за учество на манифестацијата од година во година е се поголем, како од производители на пити, така и од винарии.