Првата механизирана пешадиска бригада во составот на здружената оперативна команда доби нов командант. Јадрото на борбената сила на македонската армија ќе го предводи полковник Зоран Милевски кој должноста ја презеде од бригадниот генерал Павле Арсоски. Тој од другастрана ја презема должноста заменик командант на ЗОК.
Подобрување на борбената готовност, физичката подготвеност и издржливост, јакнење на моралот, редот и дисциплината вети полковникот Милевски.