Социјално загрозените граѓани побрзо ја искористат бесплатната изработка на елаборати. Рокот истекува до крајот на годината. Државата им овозможува без пари да ги легализираат своите дивоградби, а процедурата е многу едноставна потсетуваат од Владата.
По пријавувањето на имотот, катастарот ќе испрати геодет кој ќе го изработи елаборатот. Минатата недела директорот на Катастарот информираше дека досега до нив се доставени само 4000 барања за изработка на бесплатните елаборати.