Откупот на лебното зрно од најголемата житница во земјава - Пелагонија ќе стартува за три дена. Житото, според веќе утврдените законски параметриц: влага, хектолитарска тежина и примеси, ќе се дели и откупува според три класи, односно за просечни откупни цени од 11, 10 и 9 денари за килограм, во зависност од класите, посочуваат откупувачите.