Протокот на мигранти на јужната гранична линија се одвива непречено. Организирано и во групи без поголеми задржувања македонската полиција ги пропушта мигрантите и ги упатива во прифатниот камп каде им се издаваат потврдите. По идзавањето на потврдите мигрантите организирано со желеничи, автобуски, но и такси превоз се превезуваат до северниот дел од државата. Според официјалната статистика во изминатите 24 часа издадени биле 1 168 потврди на странски државјани од кои 844 се мажи, 134 жени, 157 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, но и 33 деца што патуваат без родител.