MENI

Tехникал Tекстајлс почна со работа - Груевски: Во следниот период фабриката ќе отвори уште 1.000 работни места

Германската Техникал текстајл започна со работа во штипската индустриска зона. Вработени се 100 луѓе, а во иднина се очекува бројката да се зголеми на 1000 работници. Фабриката ќе произведува изолациони материјали за авионската, бродската, автомобилската и градежната индустрија. Премиерот Груевски кој денеска присуствуваше на отварањето информираше дека во зоната во тек е и изградбата на италијанската фабрика Кондево.

Инвеститорот истакна дека е презадоволен од бизнис климата во земјава и поволностите кои државата ги нуди за инвеститорите.

Pages