MENI

Велешката градска депонија се уште гори

Пожарот на велешката градска депонија за смет и покрај тоа што е локализиран, од вчера попладне се уште гори.

Екипи на Противпожарната единица и на ЈКП Дервен го гаснат пожарот со вода, а од утрово се затрупува и со земја со булдужери од страна на градежни фирми кои ги ангажира општина Велес.

Pages