Владата ги усвои измените во предлог законот за вработување, со кој државата во целост ќе ги покрива трошоците за придионеси за лицето ангажирано како заменски работник додека вработената е на породилно отсуство. Со ова се исполнува уште едно ветување кое го најави премиерот Груевски пред 3 дена. Ваквите измени ќе им донесат значителни заштеди на компаниите, но и гаранција и сигурност на жените дека после породилното отсуство газдата ќе ги врати на истото работно место