Велес ќе ги подобрува можностите за отворање нови работни места. Локалните власти формираа економско-социјален совет. Тој треба да ја подобри комуникацијата меѓу бизнис секторот, општината и сите социјални партнери.
Локалниот економско-социјален совет ќе ги утврдува приоритетите за подобрување на бизнис климата. Со реализацијата на неопходните проекти треба да се намали и невработеноста.
Вработувањето на младите ќе биде приоритет на економско-социјалниот совет. Тој директно ќе соработува со училиштата и факултетите.