Четириесет невработени лица, на возраст од 18 до 35 години, од Пелагонсикиот регион, кои имаат свои бизнис- идеи, или започнат бизнис не подолго од три години, а потребна им е соодветна помош, од денеска можат да станат дел од проектот “Моја идеја – Mој бизнис”, кој за прв пат во земјава, ќе биде финасиран од компанијата -“Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп”. Проектот се спроведува на иницијатива на “САИД Македонија” и ќе се реализира во следните шест месеци.