На јужната гранична линија денеска е мирно. Протокот на мигранти е под целосна контрола и се одвива без никакви проблеми. Исто како и во претходните денови специјалните полициски сили и единиците на АРМ организирано и во групи ги пропуштаат мигрантите во нашата држава и ги упатуваат во прифатниот камп каде се евидентираат и им се издаваат потврдите по што со организиран превоз се транспортираат до северната граница.