
Два брода со имигранти потонаа вчера покрај бреговите на Либија и најверојатно стотици лица се загинати во несреќата, јави ДПА.
Над сто тела се извадени, според податоците на болница на околниот град Зуара на западното крајбрежје.
Крајбрежната стража успеала да спаси 200 лица, но изгледа многу повеќе се блокирани на палубата на поголемиот брод.