MENI

Курц: Срамно е однесувањето на Грција во бегалската криза - Македонија и Србија бараат ангажман од ЕУ

Европската Унија треба да се ангажира повеќе за Македонија и Србија  околу мигрантската криза која ги погодува. Не се доволни издвоените 1 милион евра сметаат министрите за надворешни работи на двете транзит земји за бегалците. Поповски и Дачиќ побараа конкретна помош од Унијата на конференцијата за Западен Балкан во Виена.

- Ако нема европски одговор на ова прашање никој од нас нема илузии дека проблемот ќе биде решен. Охрабрува тоа што Европската комисија е свесна за проблемот.Македонија е соочена со специфичен проблем што во неа влегуваат мигранти од земја-членка на ЕУ.

Pages