
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, каде ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север.