Со вечерна литургија во сите православни храмови почна чествувањето на еден од најголемите празници за христијаните Успение на Пресвета Богородица. Верниците масовно го слават денот кога Мајката Божја воскреснала или заминала од земскиот свет во вечноста. ОД рано в зори верниците дојдоа на света причест , да запалат свеќа и да се поклонат пред Богородица со молитва за здравје и бериќет. Манастирот кој се наоѓа под живописните карпи на кањонот Матка и годинава традиционално преполн.